Учениците во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје постојано се инволвирани во голем број едукативни проекти на републичко и интернационално ниво. Со отвореноста за соработка со стручните лица, едукатори, кустоси, музејските водичи, национални установи, музеи и институции, се овозможува реализација на планираните проекти и работилници коишто се во интерес на едукацијата на ученицте. Училиштето постојано учествува во многубројни едукативни проекти, работилници и предавања. Нашата интенција е проширување на теоретските и практичните знаења на учениците, и нивно прогресирање во секоја сфера од образовниот процес.