Основна цел 1


Основната цел на приватното средно училиште ,,International High School“ – Скопје е да ги подготвува учениците за усвојување темелни знаења, за развивање способности и вештини што се неопходни за успешното продолжување на школувањето во високообразовните институции.
Оваа цел се остварува со оспособување на младите за работа и живот во современото глобално општество, со употреба на најсовремена образовна технологија и со употреба на најсовремени наставни методи, техники и средства кои го овозможуваат развивањето на иднивидуалните, интелектуалните и физичките способности кај учениците за критичко размислување, за анализа и синтеза, за проучување и истражување и втемелување на хуманистички, морални, етички, естетски и граѓански вредности на личноста. Заради што поуспешно интегрирање на учениците во глобалните информациски текови, како примарна цел се поставува оспособувањето на учениците за активна употреба на најмалку два светски јазика. Исто така, како неопходни цели се применуваат и поттикнувањето на креативноста, на творештвото, на индивидуалните способности и подготвувањето за живот и работа во духот на мирот и толеранцијата, на почитувањето и разбирањето на верските и расните разлики како и развивањето на позитивен однос кон творечките, научните, уметничките, културните, спортските и здравствените вредности.
 
Нашата мисија е негување на сигурноста, отвореноста, креативноста, меѓусебното разбирање, почитувањето и толеранцијата. Ја градиме довербата, го поттикнуваме индивидуалниот развој на нашите ученици при давање на образовните услуги.
Визијата на нашето училиште е да се грижи за она што го сакаат учениците, и да го трасираме патот кон создавањето на нивниот живот, насочен кон иднината во чекор со нивните очекувања, потреби и можности преку најсовремените модели на учење.