Школарина

 
ПСУ “International High School“ – Скопје наплатува годишна школарина за изведување на воспитно-образовна дејност. Секој ученик плаќа годишна школарина пропишана во правилникот за работа на училиштето. Годишната школарина вклучува надоместок за користење на школски книги, сопствено училишно шкафче, училишна униформа и училишен ранец со логото на училиштето, школски лаборатории за компјутерски и природни науки, 24-часовен  бесплатен интернет пристап, бесплатни реагенси за изведување на експерименти во училишната хемиска лабораторија, комбинирани спортски активности (базен и спортска сала), бесплатана подготовка на учениците за регионални, републички и меѓународни натпревари по предмети за коишто ученикот има интерес, додатни и дополнителни часови, библиотека со домашни и странски автори и други активности кои ја опфаќаат образовната дејност.
 
Во школарина не се вклучени активностите како што се: повеќедневни екскурзии, вон школските активности и исхраната на ученикот.
 
- Модели на плаќање
 
Училиштето нуди повеќе модели на плаќање на годишната школарина:
- Плаќање во готово 10%,
- Семеен попуст 10% од ученик,
- Плаќање на 10 месечни рати без каматна стапка,
- Плаќање на повеќе рати со посебен договор, со каматна стапка.
 
- Уписнина за една школска година изнесува:
 
2.200 евра (во денарска противвредност)
Уплатата се врши во банка со посебен налог на плаќање.