Услови 

 
Просторините услови што ги обезбедува ПСУ “International High School–Скопје се: кабинети за природни науки и предавални, компјутерски лаборатории коишто се поврзани со локална мрежа, бесплатен 24-часовен интернет пристап и ЛЦД проектори за изведуање настава по сите наставни предмети. Потоа, библиотека, бифеа, хемиска лабораторија, сликарско ателје, балетско и драмско студио. Учениците во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје спортуваат со комбинирани активности. Спортските активности се реализираат во спортската сала ,,Фершпед-работнички“ - Градски парк и базенот „Младост“- Карпош.
 
Безбедноста во ПСУ “International High School“ – Скопје е регулирана преку приватна агенција за обезбедување на објектот и лицата во објектот. Училиштето е лоцирано во регион каде што безбедноста е на особено високо ниво. Службата за обезбедување е постојано активна, од самото доаѓање на учениците, професорите и останатиот колектив во училиштето, па се до крајот на работното време.
 
Униформата  во училиштето е задолжителна за секој ученик во ПСУ “International High School”–Скопје. Всушност, училишните униформи и ранци коишто се со модерен дизајн и во тек со современиот стил на живеење на младите, се заштитен знак на училишната атмосфера.
Училиштето им обезбедува на учениците современо дизајнирана униформа, со што се овозможува чувство на припадност кон училиштето. Униформата е во склоп на годишната школарина на училиштето.
 
Исхраната во училиштето се организира преку системот за доставување храна директно во училиштето, и на тој начин учениците нема потреба да излегуваат надвор од кругот на училиштето за време на одморите. Храната се доставува по избор на ученикот од разновидните менија на локалните угостителски објекти. Во школарината е вклучена доставата на храна за ученикот, но не и цената на чинење на производот.
 
Превозот за пристигнување до училиштето не е обезбедено од ПСУ “International High School“ – Скопје.. Пристигнување во училиштето е обврска на родителите кои сами си го организираат превозот на своите деца, од и до училиштето. Самата локација на училиштето е сместена  во центарот и е достапна за сите делови во градот, дозволува движење по улиците без многу сообраќај од автомобили и други превозни средства. Училиштето има посебен безбеден паркинг во самиот круг на училиштето, кој може да се користи за чување велосипеди, скутери и автомобили.