За ученикот


Дали сметаш дека си посебен, свој и неповторлив и сакаш другите да ја ценат твојата индивидуалност?
Ако одговорот е ДА тогаш искористи ја можноста да ни се придружиш.
Дојди и школувај се во нашата гиманазија!
 
 
- Во ПСУ “International High School“ – Скопје добивате: бесплатен комплет книги, бесплатна училишна униформа и училишен ранец со логото на училиштето, сопствено училишно шкафче и ID картичка.
 
- Во рамките на приватното средно училиште ПСУ „International High School“-Скопје се организираат активности во, и вон наставата како интенција за проширување на знаењето на учениците, и за нивно прогресирање во секоја сфера од образовниот процес. Тоа опфаќа посети на: театарски претстави, опера и балет, кино-проекции, музеи, посети на изложби, галерии, институти и спортски натпревари. Исто така, се организираат и реализираат наставни содржини, предавања и работилници од едукативен карактер коишто имаат цел да ги едуцираат средношколците од областа на медицината и превентивата за заштита на младите.
 
- Според планот и програмата за гимназиско работење на Министерството за образование и наука – МОН и годишната програма на ПСУ ,,International High School“ – Скопје, се планираат и се реализираат еднодневни и повеќедневни наставно-научни екскурзии во Р. Македонија и Европа. Врз основа на утврдените цели што се предвидени со планот и програмата за работа на гимназиското образование, се конкретизираат воспитно-образовните задачи и придонесот врз развојот на личноста на ученикот. Целта е совладување и усвојување на делови од наставните програми преку непосредно запознавање на појавите и законитостите, на односите во природната и во општествената среднина, запознавање со културните наследства што се во врска со дејноста и стручноста на училиштето. Преку оваа цел се формира позитивниот однос кон природата и околината, се зацврстува здравјето на ученикот, развојот на социјалните компетенции на личноста, како и позитивниот однос кон трудот и останатите вредности.
 
- Ученици, ПСУ “International High School“ – Скопје, ви нуди уште една од многуте можности да бидете дел од нашата гимназија. Ние како мотиватори и креатори, координатори и организатори го откриваме и поттикнуваме вашиот талент од областа за којашто имате желба, интерес и афинитет. Преку современите наставни форми, методи и модели на работа  како и со мултимедијалните современо опремени училници во нашето училиште, ви се нуди палета на можности за постигнување на високи резултати, поттикнати од вашиот талент, и можност за добивање на стипендија.