Курс за сликање и сликарски техники
Во рамките на ПСУ “International High School“ – Скопје се организира курсот за сликање и сликарски техники под раководство на професор Дијана Томиќ - Радевска, истакнат академски уметник, графичар и дизајнер. Во зависност од интересот на учесниците, се изучуваат различни видови сликарски и графички техники, и техники на мозаик со м-р Газанфер Бајрам, академски сликар. Учесниците ги изучуваат горенаведените техники во мали групи во современо опремено сликарско ателје во просториите на нашето училиште.
Уписот на заинтересираните кандидати е отворен до 01.10.2009 година.
Заинтересираните кандидати можат да се
информираат и пријават на:
контакт-телефоните: 003892 32 32 450/32 32 460
E-mail адресата: profesori-Igod@ihs.edu.mk