Математичка школа за талентирани ученици - МШТУ

 
Во рамките на ПСУ “International High School“ – Скопје перманентно, веќе три години се организира и реализира бесплатната  математичката школа за талентирани ученици. МШТУ е менторирана од најдобрите професори-математичари во Република Македонија, Боривоје Миладиновиќ, Мирко Петрушевски и координаторот на математичката школа - Трајче Ѓорѓијевски. Интенцијата на ПСУ “International High School“ – Скопје  е младите талентирани ученици-математичари од сите основни училишта во Скопје., дополнително да се школуваат, и да се поттикнува и развива нивниот талент за математика. Секоја година, во математичката школа учествуваат најдобрите 20-мина ученици - осмоодделенци. Придобивката на ученицте е стекнувањето на трајни знаења од математиката и практична примена на истите. Покрај нивната внатрешна мотивираност и љубов кон математиката, ПСУ “International High School“ – Скопје талентираните ученици дополнително ги мотивира и наградува за нивниот труд и активна работа, со доделување на парични награди. За првонаградениот математичар од МШТУ, нашето училиште доделува 100% стипендија. За второнаградениот математичар од МШТУ, ПСУ “International High School“ – Скопје, доделува  50% стипендија, и за третонаградениот математичар 30% стипендија.