Тестирање и определување на учениците
Со почетокот на новата учебната година, новите ученицте се тестираат за:
- стилот на учење,
- степенот на владеење на англискиот јазик.
Кога станува збор за наставата и за постигнувањето високи резултати, секако дека посебно внимание треба да се посвети на дијагностицирањето на стилот на учење, како од страна на ученикот така и од страна на професорот. Целта е да се определи стилот на учење, којшто е карактеристичен и индивидуален за секој ученик. Со определувањето на карактеристиките на стилот на учење на ученикот, се овозможува запознавање со посилните страни и можност за надминување на послабите страни, во однос на начините на учење и во процесот на наставата. Со запознавањето со стиловите на учење се овозможува ефективност и квалитет во изведувањето на наставниот процес, што е едно од основните начела за изведување на современата воспитно-образовна дејност. Разновидноста на наставните методи, техники и модели во наставата овозможуваат стимулативно учењето за ученикот и професорот, а истовремено се постигнуваат најдобри резултати. Тестирањето за степенот на владеење на англискиот јазик се изведува индивидуално за секој ученик. Тестирањето го подготвува стручниот тим професори по англиски јазик, при што за секој ученик се овозможува индивидуален пристап во совладување на целите од наставните програми, што се изведуваат на англиски јазик.
Родителите се финансиски ослободени од плаќање за овие типови тестирања.