Дополнителна и додатна настава
Во текот на учебната година во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје бесплатно се организираат дополнителни и додатни часови за ученици по сите наставни предмети. Дополнителната настава се организира за оние ученици кои се соочуваат со тешкотии во совладувањето на наставниот материјал. Всушност, дополнителната настава е конструирана за учениците кои покажуваат послаб успех, учениците кои се карактеризираат со недостаток на концентрација и со дефицит на внимание во текот на наставата, и за учениците кои заради болест, оправдано не се во можност да го усвојат наставното градиво во текот на учебната година. Учениците коишто се мултиталентирани, исклучително талентирани во одредена област, интелигентни и учениците коишто сакаат дополнително да се ангажираат и напредуваат, ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје за нив организира додатна настава, со што се овозможува индивидуален пристап и развој на ученикот, според неговите капацитети, можности и талент. Овој вид настава се имплементира и во подготовката на учениците за регионални, републички и меѓународни натпревари по сите наставни предмети.
Родителите се финансиски ослободени од плаќање за дополнителните и додатните часови, бидејќи тие се вклучени во годишната школарина. Овој вид настава се реализира по часовите и во саботите.