Оценување и евалуација
Оценувањето се базира на општиот систем на оценување во Република Македонија. Оценувањето во нашето училиште е нумеричко, со скала од 1 до 5. Системот на оценување ја опфаќа категоријата на континуирано тековно следење на напредокот и постигнувањата на учениците, со што се овозможува систематичко и објективно оценување. Ваквиот пристап на следење ја овозможува сумативната оценка, како краен резултат и збир на индивидуалните постигнувања на учениците. Исто така, секој професор во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје има задолжение, описно да го оценува ученикот во текот на учебната година.
Процесот на оценување во училиштето е двонасочен. Покрај оценувањето на учениците од страна на професорите, постојат и методи за евалуација на работата на професорите. Традиционално, кон крајот на учебната година, учениците преку анонимни анкетни прашалници ги евалуираат достигнувањата на професорите во однос на наставата и наставните содржини, во однос на начинот на предавање и исполнувањето на работната задача на професорот според поставените цели. Исто така, ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје подготвува анонимни анкетни прашалници за учениците за самооценување на нивната одговорност, придонес и постигнат успех во текот на учебната година. Овие анонимни анкетни прашалници се конструирани за подобро да се спознае на дејствувањето на ученикот и неговото напредување во образовниот процес. На овој начин, ученикот добива можност за стипендија во текот на следната учебна година или релевантана награда за постигнатите резултати во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје. Анализата на добиените податоци и континуираното анализирање на активностите на учениците и професорите, имаат тенденција позитивно и ефективно да влијааат врз натамошното образование на ученикот и врз работата на професорот, за подобрување на севкупните активности, за постигнување на здрава комуникација и за реализирање на нови идеи заради поуспешно координирање на воспитно-образовниот процес во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје.