Кои сме ние?
Ние сме приватно средно училиште „International High School“ – Скопје, (Интернационално средно училиште – Скопје), верифицирано од Министерството за образование и наука (МОН) за остварување на воспитно-образовна дејност како гимназиско образование.
Нашето училиште активно работи веќе две години. Но и во текот на следната учебна година, ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје активно продолжува со остварувањето на својата мисија и со реализирањето на зацртаната визија, што се насочени кон потребите и можностите на своите ученици преку примената на најсовремените модели на учење, со учество на регионални, републички и интернационални натпревари по сите наставни предмети, со курсеви, секции и конкурси, како и со учество во голем број едукативни проекти на републичко и интернационално ниво, заради поттикнување и откривање на талентите и способностите на учениците.
Во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје, бордот и врвните професори безрезервно и несебично ги применуваат своите знаења и вештини со што нашите ученици соодветно се стекнуваат со темелни знаења и практика, а истовремено тие особено се посветуваат и на воспитниот процес заради создавање позитивни карактерни особини, за препознавање на вистинските вредности, за градење сопствени ставови и за оформување на сопствениот идентитет кај ученицте. Тоа е нашиот високо професионален колектив – поттикнувачи, мотиватори, координатори, организатори и вистински професионалци. Тоа е ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје, средно училиште со стручно изградени воспитно-образовни перформанси.