Ние сме приватно средно училиште
„International High School“ – Скопје, (Интернационално средно училиште –
Скопје), верифицирано од Министерството за образование и наука (МОН) за
остварување на воспитно-образовна дејност како гимназиско образование.
|
Основната цел на приватното средно училиште
,,International High School“ – Скопје е да ги подготвува учениците за усвојување
темелни знаења, за развивање способности и вештини што се неопходни за успешното
продолжување на школувањето во високообразовните институции.
|
Вие имате право да знаете и да
бидете сигурни дека Вашата диплома е валидна! Почитувани ученици и родители, Ве
покануваме во нашето училиште да го проверите оригиналот на Верификацијата за
гимназиско образование на нашето училиште.
|